д-р Ана ЧУЧКОВА

Професор по психологија

Ана Чучкова по своето дипломирање, активно се залага за подигнувањето на свесностга за важноста на грижата за себе и насочувањето за позитивни животни промени во насока на психо-физичката благосостојба, здравје и задоволство кај индивидуата, но и работа и поддшка на училишните психолози.

Искуство: 15+ години

Е-пошта: inasocijacija@gmail.co

Работно искуство

Нејзината мисија е грижа и третман на менталното здравје на деца, адолесценти и родители во модерното општество. Докторира во 2017 година и се стекнува со Доктор по развојна и педагошка психологија. Taa e Лиценциран психолог со посебна училишна лиценца.

  • Организатор и учесник на годишни меѓународни и национални конференции по психологија.
  • Назначена за експерт и главен координатор при анализа за развој на програма за СОС телефон при Меѓаши – Прва детска амбасада.
  • Главен и одговорен уредник на првото печатено списание „ПСИХОЛОГ“.
  • Сертифициран тренер за подготовка на тренинг програми за социјализирање на лица кои доживеале елементарна непогода.
  • Рецензент на учебник: Психологијата како наука и професија – Мирослав Пендаровски.
    Рецензент на прирачник за наставници: Психоедукација „Шумската дружина“.
  • Член на Меѓународен редакциски колегиум на зборник статии од меѓународна научна конференција – Психосоцијален развој на детето во современото општество.
  • Психолог-консултант во AXA ICAS International во Македонија.
  • Автор на прво стручно помагало за родители и наставници по библиотерапија – Детски терапевтски приказни и игри.

Едукација

Проблемни области во кои работи: групна динамика и решавање на конфликти во група, интерактивни работилници наставник-учени и родител-дете, детски развојни фази, семејни односи.

Експертиза и вештини

Предавања и обуки
99%
Консултации
99%