Празна корпа: 0,00 ден
ИН АСОЦИЈАЦИЈА
ЕДУКАЦИИ И КОНСУЛТАЦИИ
Здружение за информални и неформални едукации и стручни консултации од област на психологија и педагогија
ИН АСОЦИЈАЦИЈА
ЕДУКАЦИИ И КОНСУЛТАЦИИ
Здружение за информални и неформални едукации и стручни консултации од област на психологија и педагогија
ИН АСОЦИЈАЦИЈА
ЕДУКАЦИИ И КОНСУЛТАЦИИ
Здружение за информални и неформални едукации и стручни консултации од област на психологија и педагогија
Верифицирана установа за едукација
Што правиме
ЗА НАС
ИН АСОЦИЈАЦИЈА се стреми да биде ресурс за поддршка на личниот и професионален развој на ученици, родители, наставници, мултидисциплинарни тимови, студенти и сите заинтересирани.
Базиран на експертиза на голем број предавачи (универзитетски професори) од различни профили и со големо практично искуство.
Целта на едукациите и индивидуалните консултации е негување на континуирана едукација.
Превентивна интервенција за спречување на проблеми од различни аспекти на целната популација.
Вебинари и обуки
ИДНИ НАСТАНИ
Current Month
ноември 2025
Нема настани
декември 2025
Нема настани
јануари 2026
Нема настани
Пријави се за обука
Gravida nibh vel velit auctor aliquetn sollicitudirem sem quibibendum auci elit cons equat ipsutis sem nibh id elituis sed odio sit amet nibh vulputate cursus equat ipsutis.
Аплицирај за школарина
Sollicitudirem sem quibibendum auci elit cons equat ipsutis sem nibh id elituis sed odio sit amet nibh vulputate cursus equat ipsutis gravida nibh vel velit auctor aliquetn.
ИН АСОЦИЈАЦИЈА
ИЗБРАНИ КУРСЕВИ
15 Лекции
14 Лекции
14 Лекции
ИН АСОЦИЈАЦИЈА
ВИДОВИ НА ОБУКИ
ИНСТРУКТОРИ
НАШИОТ ТИМ
Базиран на експертиза на голем број предавачи (универзитетски професори) од различни профили и со големо практично искуство.
д-р Ѓорѓина Ќимова
Професор по педагогијад-р Ана Чучкова
Професор по психологијад-р Вангелица Гаврилова
Професор по психологијаСВЕДОШТВА ОД СТУДЕНТИ
ШТО ВЕЛАТ НАШИТЕ СТУДЕНТИ

Секогаш стремежот да создадете успех со најдобрата инвестиција - онаа во себе!
Оливер Д.
Студент

Вистинскиот успех доаѓа од доживотното учење и искуство, а не само од признанија!
Џејмс Д.
Менаџер
Едукацијата е најдобрата инвестиција во себе - секоја нова е нова можност!
Петар Н.
Дизајнер
НАШИ ИЗДАНИЈА
ПУБЛИКАЦИИ
Сооштенија и написи
ПОСЛЕДНИ НОВОСТИ
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ
НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА
ШТО ЗНАЧИ „ВЕРИФИЦИРАНА УСТАНОВА / ИНСТИТУЦИЈА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИ“?
Тоа е организација што добила официјално одобрение од Министерството за образование и наука (преку Центарот за образование на возрасните – ЦОВ). Со оваа верификација, установата има законско право да спроведува обуки за возрасни и да издава јавни документи (сертификати) што се признаени на пазарот на труд во државата и надвор од неа.
Зошто е значајно за возрасните доживотното учење во верифицирана установа?
Верифицираната установа гарантира квалитетна и релевантна обука. Издадените сертификати се признати и ја зголемуваат шансата за вработување, унапредување во кариерата и личен развој.
Што претставува верифицираната програма „Развивање на вештини за емоционална интелигенција“?
Тоа е програма која е официјално одобрена од Центарот за образование на возрасните. Нашето здружение е овластено да ја спроведува обуката и да издава сертификати признати од Центарот за образование на возрасните – ЦОВ како орган на Министерството за образование и наука.
За кои целни групи е наменета оваа обука?
За сите што сакаат да ги развијат меките вештини: вработени во компании, јавни институции, невработени, родители, наставници, студенти, ученици и секој
заинтересиран за личен и професионален напредок.
Кои се придобивките од тоа што програмата е верифицирана?
Учесниците добиваат официјални сертификати признаени во државата и во странство. Нуди квалитетни обуки според стандардите на Центарот за образование на возрасните.
Што е важно за успешно спроведување на обуките?
- Компетентни обучувачи со искуство.
- Соодветно опремени простории и интерактивни методи на работа.
- Прилагодување на содржините според потребите и напредокот на учесниците.
Зошто меките вештини, особено емоционалната интелигенција, се толку важни денес, особено во споредба со европските земји, и какво е нивното влијание врз личниот развој?
Во повеќето европски земји, меките вештини се развиваат систематски затоа што тие ја зголемуваат продуктивноста и ја подобруваат работната средина. Емоционалната интелигенција (ЕИ) помага во подобро разбирање на сопствените емоции и емоциите на другите. Тоа води кон поголема самосвест и самодоверба, подобро управување со стресот и попозитивни односи, што е клучно за личен и професионален успех.
Што наједноставно опфаќа емоционалната интелигенција?
- Самосвест: Препознавање на сопствените емоции.
- Саморегулација: Контролирано и конструктивно насочување на емоциите.
- Емпатија: Свесност и разбирање на емоциите на другите.
- Социјални вештини: Ефективна комуникација и соработка.
- Мотивација: Внатрешна желба за постигнување цели и Справување со стрес.
Како развивањето на емоционалната интелигенција влијае врз поединецот и организацијата?
- Лично ниво: Подобри односи, намален стрес, поголема самодоверба.
- Организациско ниво: Поефикасни тимови, попозитивна култура, конструктивно
решавање конфликти и повисока продуктивност.
Како може да се развие емоционалната интелигенција?
Преку учество на обуки, работилници за меки вештини. Преку индивидуална работа на себе (самоанализа, рефлексија, практикување нови техники во секојдневието).
Порака до заинтересираните кои сакаат да ги развијат своите „меки“ вештини?
Вложувањето во себе е најдобрата инвестиција! Доживотното учење води кон подобра комуникација, здрави меѓучовечки односи и поголем успех во кариерата. Нашите програми обезбедуваат личен и професионален напредок, како и официјален сертификат признаен од надлежните институции во државата и во Европа.






