д-р Вангелица ГАВРИЛОВА

Професор по психологија

Д-р Вангелица Гаврилова е доктор на психолошки науки со повеќе од 32 години богато работно искуство. Како лиценциран психолог, таа има посебна лиценца за вршење на психолошка дејност од Комората на психолози на РСМ, која опфаќа стручни облици на работа, со акцент на специфични психолошки проблематики.

Искуство: 15+ години

Е-пошта: inasocijacija@gmail.co

Работно искуство

Нејзината професионална дејност опфаќа работа со семејно насилство, лица со попреченост и нивните семејства, како и лица со зависности како алкохолизам, никотинизам, наркоманија, хазардни игри и интернет зависност кај деца и адолесценти. Гаврилова е посветена на проблемите на анксиозност, депресија, фобии, панични напади, нарушувања во спиењето и семејни проблеми, при што работи и со возрасни и со деца.

Особено е посветена на стресот и неговото надминување, како и на проблемите кај децата, вклучувајќи тикови, говорни нарушувања, агресивност и ноќно мокрење.

Дополнително, Гаврилова поседува лиценца за вештачење од областа на психологијата (Министерство за правда на РСМ), сертификат за интегративна психотерапија, интернационален сертификат за работа со зависници од алкохол (CAT), како и неколку други сертификати поврзани со работа со маргинализирани заедници и родители на деца со посебни потреби.

Едукација

Гаврилова учествувала на бројни проекти, работилници и трибини од областа на психосоцијалната сфера, при што има објавено и свои научни трудови и статии во списанија и интернет портали. Како ментор и рецензент, таа активно придонесува во развојот на психолошките науки, менторирајќи и рецензирајќи трудови од други автори.

Експертиза и вештини

Предавања и обуки
99%
Консултации
99%